СДСМ: Вината за Алта банка е кај Мицкоски и Славески – тие ја донесоа во Македонија

by irena 08:42
08:42

За Алта банка целата одговорност е кај Христијан Мицкоски и Трајко Славески, тие ја донесоа банката на Вучиќ во Македонија која сега е под стечај, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата велат „Граѓаните во Македонија не можат да дојдат до своите пари, до своите заштеди, луѓето што живеат од социјална помош немаат од што да ги покријат трошоците и не можат да ги подигнат средствата. Немаат за храна, сметки, лекови, немаат за живот. Експозитурите не работат, на банкомати се чека со часови. Само на компаниите им овозможија слободно да префрлаат пари“.

„Владата на Мицкоски го отвори патот за влез на Алта банка во Македонија, а гувернерот Славески даде согласност за преземањето на Стопанска банка Битола. СДСМ предупредуваше за сомнителниот капитал уште пред 11 месеци. Славески уверуваше дека се е во ред а ништо не е во ред. Сега носи погрешни одлуки на штета на граѓаните. Она што скандалот со Алта банка го докажа е дека беше пералница за пари на мафијашкиот синдикат СНС на Вучиќ во Србија и ВМРО-OКГ на Мицкоски кај нас. За овој скандал, за оваа финансиска афера мора да има одговорност“ посочуваат од СДСМ.

Велат „Трајко Славески да поднесе оставка за да се спречат дурги штетни негови одлуки. Обвинителството да отвори истрага и кривично да ги гони Мицкоски, Славески и сите кои што се поврзани со Алта банка“.

 

Слични вести