Утре без струја делови од општина Брвеница

by irena 20:03
20:03

Планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија се најавени за утре, среда, 4 ноември 2026 година, во повеќе локации во општина Брвеница.

Од 09:00 до 15:00 часот, без струја ќе останат селото Теново, дел од Радиовце, водната пумпа Стенче, фармата „Жито Полог“ и ПВП „Енерго Гроуп 1, 2 и 3“.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, прекин ќе има и во Долни Челопек, кај објектите во близина на училиштето и џамијата.

Од ЕВН Македонија АД информираа дека утре без електрична енергија ќе останат и следните корисници:

-Поради интервенција во ТС Маџари 19 од 08.30-14.30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат потрошувачите ул Никола Киров-Мајски и ул. Благоја Стефковски во Маџари(Општина Гази Баба)

-Поради интервенција во ЕЕ мрежа од 09.00-10.00 часот без напојување ќе бидат потрошувачите позади Џамијата,ул.1,3 и 5 во с. Сарај(Општина Сарај)

-Поради планирана работа од 09.00-12.00 часот без напојување ќе бидат потрошувачите од ул. Саса2 (Општина Кисела Вода).

Слични вести