Изборниот резултат во Брвеница генерално не даде добра порака кон граѓаните, бидејќи таму само изборна трка немаше. Таму во неделата со гласање имаше изјаснување на жителите на таа општина по национална припадност, поточно колку Македонци, а колку Албанци живеат во населените места таму, го коментира исходот од изборите за градоначалник на Брвеница во видео-разговор за „Фокус“ политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи.
„Значи, реално таму гледавме пребројување на жителите по етничка линија, а не дека имаше изборна трка врз основа на тоа кој што им понудил на граѓаните. Затоа што, на крајот од краиштатам тој градоначалник што е избран, треба да е градоначалник на сите и услугите кон граѓаните да бидат еднакви кон сите. И, тоа, сепак, даде лоша порака имајќи предвид дека граѓаните четири години живеат како браќа и сестри, така да речам, а на крајот за четири секунди не си даваат доверба еден на друг. Процесот вака го водеше ДУИ, затоа што лтие имаат вметнато една логика и матрица кај Албанците, дека се што е против ДУИ е и против Албанците и обратно“, вели Фаризи.
Тој посочува дека резултатот кај ДУИ за една година е практично удвоен, а кај владејачката ВРЕДИ има минус од 600-700 гласа. Што покажува дека владејачката партија има изгубено контрола на дел од гласачкот тело, можеби затоа што, како што вели Фаризи и поради лошиот Пи-ар како партија во власта. Иако имаат доста инвестирано во општините со доминантно албанско население.
„Овој резултат, не очекувам да ги смени односите внатре во владејачката коалиција, ниту пак, да ги обнови старите релации меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, и да бидат ‘интегрстивците’ земени во Влада. Бидејќи сметам дека, премиерот упште во 2024 година дал ветување дека ДУИ ќе го донесе во опозиција и тоа и го направи“, тврди Фаризи.
Според него, промена на владејачката структурас е можна само со избори, но за да бидат предвремени ќе треба да се одржат најдоцна до април догодина.
Подготвиле:
З.Фиданоски – Т.Георгиев