Сигурен избор за штедење, со краток рок и вистинска камата: ПроКредит Банка со орочен депозит на 6 месеци со камата до 3,60%

by valentina 21:42
21:42

Само шест месеци ве делат од вашата заштеда! ПроКредит Банка, како стабилна и сигурна банка со повеќе од 20 години традиција на нашиот пазар, нуди промотивна можност за штедење на краток рок, со атрактивна и фиксна каматна стапка до 3,60% за депозити во денари.

Со новиот Промо депозит на ПроКредит Банка можете да ги орочите средствата на 6 месеци, со фиксна каматна стапка до 3,60% за денари или до 2,60% за евра. Така, вашата заштеда заработува во период што можете полесно да го усогласите со своите поблиски планови.

Посакуваната камата за краток рок: До 3,60% за депозит на 6 месеци

Краткиот рок е особено практичен кога знаете дека средствата ќе ви бидат потребни во блиска иднина, а сепак не сакате да се откажете од можноста истите да ви донесат дополнителна заштеда. Уредување на домот, образование или планирано купување – секој план е валиден, а додека се подготвувате за следниот чекор, вашата заштеда може да ви носи фиксна камата од 3,60% во краток рок.

“Клиентите повеќе не треба да избираат помеѓу краток рок и висока каматна стапка. Нашиот одговор на нивните потреби е поголема флексибилност, но и сигурност кога ни ја доверуваат својата заштеда. Овозможивме каматните стапки кои порано беа достапни само за долгорочно штедење, сега да важат и за период од шест месеци. Како стабилна банка со германски капитал и повеќе од 20 години присуство на нашиот пазар, сакаме на клиентите да им понудиме не само атрактивен принос, туку и доверба дека нивната заштеда е во сигурен и искусен партнер“, истакнуваат од ПроКредит Банка.

Каматната стапка до 3,60% за депозит во денари и до 2,60% за депозит во евра останува фиксна во текот на договорениот период, што ви овозможува однапред да го знаете очекуваниот принос. Каматата се исплаќа секој месец, па приходот од заштедата го добивате во текот на орочувањето.

За подолгорочните планови, уште повисока камата

Доколку располагате со средства што можете да ги издвоите на подолг период, Промо депозитот нуди и можност за орочување на 25 месеци, со уште повисока фиксна годишна каматна стапка до 3,80% за денари или до 2,80% за евра, зависно од износот и начинот на орочување.

Така, можете да изберете меѓу шестмесечно орочување за поблиските планови и подолг период со повисока каматна стапка за целите што бараат повеќе време.

Кога штедите, важна е и довербата

Кога станува збор за заштедата, важна е каматата, но важна е и довербата во банката на која ѝ ги доверувате вашите средства. ПроКредит е стабилна и сигурна банка со германски капитал и традиција од повеќе од 20 години на нашиот пазар, правилен избор за штедачите кои, покрај атрактивна камата, бараат партнер со искуство, стабилност и доверба.

Едноставен почеток до вашата цел, на начин што ви одговара

За отворање орочен депозит со месечна исплата на каматата, минималниот износ е 6.000 денари или 100 евра. Тоа ја прави понудата достапна и за оние што првпат се одлучуваат да орочат средства.

Депозитот можете да го отворите во најблиската филијала на ПроКредит Банка, преку електронското банкарство или преку мобилната апликација. Доколку имате дилема или потреба од совет при изборот на депозит, можете да добиете и поддршка од личен банкарски советник кој ќе ви помогне да го одберете најдоброто решение за вас, во согласност со вашите планови и можности.

Изберете го рокот според вашите планови и овозможете ѝ на заштедата да заработува за вас. Дознајте повеќе за Промо депозитот на ПроКредит Банка и орочете ја вашата заштеда на посакуваниот рок уште денес!

Слични вести