1
Демократската унија за интеграција (ДУИ), како предводник на Националната алијанса за интеграција (НАИ), по прогласувањето на победата на нивниот кандидат Аркин Јахији го започнаа славјето во Брвеница.
На фејсбук-профилот на ДУИ објавени се видеа од прославата во Брвеница, а пред симпатизерите што го поддржале Јахији освен тој, се обратија и Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Државната изборна комисија ја потврди победата на Јахији. По обработката на податоците од сите 24 избирачки места, тој освоил 4.442 гласа, односно 50,36 отсто од гласачите. Неговиот противкандидат Стојанчо Радичевски од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, добил 4.177 гласа, односно 47,36 отсто.