,,Идни ѕвезди 2026″- Академија 8 најсјајна на премиерното издание на турнирот во Бардовци

by valentina 20:57
20:57

Во Бардовци, општина Карпош – Скопје, на 31 октомври 2026 година, успешно се одржа првото издание на детскиот фудбалски турнир „ИДНИ ЅВЕЗДИ 2026“, во организација на ФК Лепенец.

Турнирот беше дел од календарот на AFT FUTURES TOUR, натпреварувачка категорија во системот на AFT Tour, која на учесниците им овозможува освојување важни AFT бодови и можност за напредок на сезонските ранг-листи.

На премиерното издание настапија 13 екипи, составени од млади фудбалери од генерацијата 2018, кои се натпреваруваа во формат 4+1.

Покрај домашниот ФК Лепенец, учество зедоа и ФК Спарта, ФК Глигоров, ФК Сарај, ФК Александро, ФК Форца, Њу Старс, Водно 1, Академија 8, Скупи, Дрим Тим, Фортуна и Водно 2.

Најмногу причини за задоволство имаше екипата на АКАДЕМИЈА 8, која со одлични настапи го освои првото место и златниот медал. Во финалниот натпревар, Академија 8 славеше со резултат 2:0 и заслужено се искачи на највисокото место на победничкиот подиум.

Сребрениот медал ѝ припадна на екипата ВОДНО, додека третото место и бронзениот медал ги освои NEW STARS. Во натпреварот за третата позиција, Њу Старс забележа убедлива победа од 4:1 против екипата на Скупи.

На четвртото место заврши СКУПИ, со што четирите најдобро пласирани екипи на премиерното издание доаѓаат од Скопје.

Слични вести