1
Излезеноста во вториот круг од изборите за градоначалник на Брвеница до 17 часот изнесува 48,64 отсто, покажуваат податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Гласале 7 902 избирачи, според податоците од сите 24 избирачки места.
Со тоа, веќе е надмината вкупната излезеност од првиот круг, кога гласале 7 572 граѓани, односно 46,58 отсто од запишаните избирачи.
Гласањето трае до 19 часот.