2
Голем пожар утрово ја зафати автобуската компанија „Белдона“ во близина на селото Тркање, објави Радио Кочани.
Огнената стихија избувнала околу 9 часот во објектот на компанијата, кој се наоѓа во месноста Цацков Бунар, во непосредна близина на бензинската пумпа на „Лукоил“.
Според првичните информации има сериозна материјална штета, изгорени автобуси, гаражи и канцеларии.

