Обилни врнежи од дожд во голем дел од државата

by valentina 07:30
07:30

Претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд се очекува денеска во Македонија. Според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи, врнежите ќе бидат пообилни кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник.

Под влијание на циклонска активност, дождливото време ќе продолжи и утре. Во најавата за периодот од сабота до вторник, УХМР прогнозира на повеќе места количества над 25 литри дожд на квадратен метар за 24 часа, а локално и над 60 литри за целиот период.

Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Слични вести