Во багажот носел две тегли со марихуана и ЛСД: Романец уапсен на граничниот премин Делчево

by irena 09:46
09:46

Синоќа во 23:30 часот на Граничен премин Делчево, на влез во државата, полициски службеници од ГП Делчево при РЦ за ГР Исток го лишиле од слобода П.Л.О.(38) од Романија.

Од МВР информираат дека при преглед во неговиот багаж биле пронајдени и одземени две тегли со марихуана и ЛСД.

„Лицето било задржано во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, посочуваат оттаму.

Слични вести