Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

by irena 07:41
07:41

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да продолжи амандманската расправа за Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година во второ читање. За Предлог-буџетот, кој е втор ребаланс за годинава, поднесени се вкупно 124 амандмани.

Вкупните приходи со новиот ребаланс на буџетот се планирани на ниво од 374,2 милијарди денари, што е за речиси 5,3 милијарди денари помалку во однос на претходните проекции.

Најголемиот дел од корекцијата се однесува на акцизите, кои се ревидираат од 34,1 на 30,4 милијарди денари, а дефицитот останува на ниво од 46,3 милијарди денари или 4,1 отсто од БДП.

Како што истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска при презентирањето на ребалансот на 8 октомври осврнувајќи се на клучните параметри, кај даночните приходи е направена умерена корекција, од 213,3 на 209,8 милијарди денари или намалување од 1,6 процент.

Вкупните расходи се планирани на ниво од 420,5 милијарди денари, што е намалување за 5,3 милјарди денари во однос на претходните проекции.

Слични вести