2
По преземени мерки и активности, ОВР Делчево расчисти повеќе кражби извршени во маркети на подрачјето на Делчево. Постапувајќи по претходна пријава дека на 26.10.2026 околу 15:50 часот од маркет во Делчево, неколку лица одзеле разни производи, извршено е пребарување на теренот и по брзата реакција на полициските службеници, пронајдени се и лишени од слобода сторителите А.Б.(58), Б.Ш.(53) и А.А.(51), сите од Скопје, информираше МВР.
Додека, при извршен преглед на патничко возило „даеву“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ш., биле пронајдени и одземени разни производи кои потекнуваат од извршени кражби во повеќе маркети во Делчево.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе следуваат соодветни пријави.