Украл паричник додека чистел локал и потрошил пари од туѓа картичка: Кражба во тетовско село

by irena 13:12
13:12

Седумнаесетгодишник е осомничен дека одзел паричник од локал во тетовско село, по што ја искористил платежната картичка со која направил купување во маркет, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Случајот во Полициското одделение во Јегуновце бил пријавен вчера, на 27 октомври во 22:55 часот, од страна на 46-годишен жител од тетовско село.

Според пријавата, паричникот му бил одземен на неговиот 16-годишен син од страна на другар со кој заедно го чистеле локалот.

Откако сопственикот добил известување за направена електронска трансакција, ги прегледал безбедносните снимки од локалниот маркет, при што било утврдено дека 17-годишникот ја употребил украдената картичка.

Од МВР информираат дека се преземаат соодветни мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот.

Слични вести