Двајца Алжирци приведени во Скопје – украле пари од шанк во угостителски објект во Аеродром

by irena 12:27
12:27

Двајца државјани на Алжир, на возраст од 23 и 24 години, биле приведени вчера во Скопје, откако биле пријавени за кражба на пари од угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи за „Фокус“, на 27 октомври 2026 година, околу 18:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.Е.Х. (24) и М.А. (23), двајцата од Алжир.

Приведувањето било извршено на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“, по претходна пријава поднесена од 23-годишниот С.Ј. од Скопје, сопственик на угостителски објект во Аеродром.

Како што навел сопственикот во пријавата, околу 16 часот двајцата осомничени одзеле пари од шанкот во неговиот локал.

По добиената пријава, полициските службеници презеле мерки за пронаоѓање на пријавените лица, по што тие биле приведени околу три часа по настанот.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

По завршувањето на постапката, против приведените ќе следува соодветен поднесок.

Слични вести