Во скопската населба Ѓорче Петров утринава била пронајдена почината 76 годишна жена, потврдија од МВР.
Велат дека во 09:18 часот, во СВР Скопје, М.А. пријавила дека ја пронашла својата мајка О.А.(76) без знаци на живот.
„Денеска (27.10.2026) во 09:18 часот во СВР Скопје М.А. пријавила дека во куќа на ул. „Ѓурчин Кокале“ во Скопје ја пронашла својата мајка О. А. (76), без знаци на живот. Од страна на Итната медицинска помош констатирана е смрт со видливи траги од насилство“, информираат од МВР.
На 22. овој месец, во 18:40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека 62-годишниот С.Ј. е пронајден починат во својот дом, исто така на подрачјето на Ѓорче Петров.
И во тој случај лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт со траги од насилство, а телото било предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител.
Засега нема информации дали двете убиства се поврзани.