(ВИДЕО) Торнадо во Анталија – силно невреме го погоди турскиот брег, четворица загинати

by irena 10:35
10:35

Четири градежни работници загинаа, а еден е повреден во торнадо што го зафати турското летувалиште Анталија, соопштија локалните власти.

„Во текот на ноќта, торнадото зафати два контејнери во кои биле сместени градежни работници во областа Кепез“, се наведува во соопштението.

Метеоролошките служби вчера издадоа предупредување за поплави и невреме во Анталија.

Според метеоролозите, обилните дождови ќе престанат во петок, на 30 октомври, но врнежите ќе продолжат повторно следниот ден.

Слични вести