1
МВР информира дека вчера попладне во 12:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Коста Абраш“ во Охрид, М.Х физички ја нападнала 59-годишната Б.Х., двете од Охрид, која се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.
По целосно документирање на настанот, против М.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава.