(ВИДЕО) Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски

by irena 12:46
12:46

„Осудениот С.З. познат како Симе не е во затвор. Еве го повторно со Мицкоски. Нова слика од вчера, додека Мицкоски дава изјава. Работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница. СДСМ објави цел албум фотографии со арамијата Мицкоски. Со години е во друштво на арамијата на обиколки по терен. Уапсен со поголема количина дрога, оружје, муниција и пари“ рече денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа вели „Цела Македонија го видео како пука со калашников. Во друго видео како го цитира Шешељ пред руско знаме. ВМРО прво рече „само една фотографија“. Потоа излегоа повеќе слики и видеа. Од тогаш молк. Институциите молчат. Арамијата Мицкоски никогаш не одговори на прашањата. Сега истиот Симе е на слобода, го гледаме на нови слики со Мицкоски. Одговорност нема“.

„Симе беше уапсен во време кога 5 тони дрога поминаа од Македонија и беа запленети во Србија, кај сестринската СНС, во селото Коњух кај Крушевац. Очигледно Симе е пуштен да плаќа и да се заканува во Брвеница. Ова е враќање во времето на мракот на Груевски и Мијалков. Заштита на криминалци што работат за бандата. СДСМ бара обвинителството веднаш да испит: Зошто Симе не е во затвор? Кој го пушти?“ праша Кузеска.

 

Слични вести