(ВИДЕО) Пукање на Флорида – 12 повредени, меѓу кои и шест малолетници

by irena 10:17
10:17

Најмалку 12 лица, меѓу кои и шест малолетници, се повредени во пукање што се случило ноќеска во Талахаси, Флорида, во близина на стадионот на Универзитетот „Флорида А&М“ (Florida A&M University), соопштија локалната полиција и универзитетот.

Според полицијата, 11 од 12-те повредени се здобиле со прострелни рани.

„Најмалку тројца од повредените се здобиле со сериозни повреди, додека девет лица се во стабилна состојба“, изјавија од полициската управа во Талахаси.

Пукањето се случило по натпреварот во американски фудбал на кој универзитетот бил домаќин.

По инцидентот, управата на универзитетот ги повика сите што се наоѓале во близина да побараат засолниште или да ја напуштат областа.

Полицијата продолжува со истрагата, а засега нема информации за извршени апсења.

Слични вести