(ВИДЕО) Александар Волкановски испиша УФЦ историја – нокаутираше непоразен борец

by irena 09:40
09:40

Во Абу Даби, рано утринава Австралиецот со македонски корени Александар Волкановски (38) го нокаутираше досега непоразениот Мовсар Евлоев во втората рунда.

Со тоа тој стана првиот борач во историјата на перолесна категорија со 9 победи во борби за титула.

Евлоев влезе во борбата со скор од 20-0. Русинот (32) на стартот имаше неколку уривања и блага предност. Сепак во втората рунда, Волкановски почна прецизно да го казнува предизвикувачот.

Следуваше брутална серија на удари, па на само шест секунди пред крајот на рундата борбата беше прекината.


;

Слични вести