1
На 23.10.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје, Г.И.(60) од Скопје пријави дека на 22.10.2026 околу 21:30 часот на подрачјето на Аеродром во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, од кои едниот го познавал. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 23.10.2026 во СВР Скопје извршен е службен разговор со 14 годишен малолетник и 16-годишен малолетник, двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава Ш.М.(54) од Шуто Оризари дека на 22.10.2026 околу 23:30 часот пред маркет во Шуто Оризри, физички го нападнале. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.