На српско-хрватската граница 400 тегли Нутела скриени во камион

by irena 15:36
15:36

На граничниот премин „Батина“, при излезна контрола на товарно возило со српски регистарски ознаки, хрватските цариници откриле непријавена стока скриена во палетите на камионот.

Како што соопштија од хрватската Царинска управа, со возилото управувал државјанин на Србија, а при детален преглед биле пронајдени 400 тегли чоколаден намаз (Нутела), секоја по 750 грама, со вкупна тежина од 300 килограми.

Покрај тоа, во камионот биле откриени 194 пакувања чоколадни плочки, секое со тежина од 172 грама, како и 42 ланци за моторни пили.

Поради сторен прекршок согласно Законот за спроведување на царинските прописи на Европската унија, на возачот му е издаден прекршочен налог, а целата пронајдена стока е одземена.

 

Слични вести