Кривична за двајца вработени во Брза помош – Тетово, не пратиле екипа да укаже помош на пациент

by irena 13:44
13:44

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35) и И.М.(51) од Тетово, вработени во Итна медицинска помош при ЈЗУ Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неукажување медицинска помош“.

Како што информираат од полицијата, на 29. јуни годинава во Итна медицинска помош Тетово, првопријавената примила телефонска пријава, но не испратила екипа за укажување медицинска помош на повредено лице во с. Доброште, за што го известила и второпријавениот, кој бил раководител.

Слични вести