(ВИДЕО) Автобуси од Македонија тргнаа на митинг на Вучиќ во Ниш

by irena 11:09
11:09

Снимка од автобуси со македонски регистарски таблички кои наводно превезувале поддржувачи на српскиот претседател Александар Вучиќ на предизборен митинг во Ниш, се прошири на социјалните мрежи.

На видеото се гледаат патници кои застануваат покрај автопатот за да уринираат, а жената што ја снима случката реагира со зборовите: „Кои се овие луѓе, што е ова? Брука“.

Предизборниот митинг на коалицијата околу Српската напредна партија (СНС), под мотото „Александар Вучиќ – Обединета Србија“, се одржа на плоштадот „Крал Милан“ во Ниш, а пристигнувањето на голем број автобуси предизвика сообраќаен метеж и блокади во центарот на градот.

Слични вести