Без вода повеќе улици во Скопје

by irena 07:30
07:30

Поради поврзување на нова водоводна мрежа со профил Ф-150 милиметри на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, кај поранешната фабрика „Треска“, од 08:30 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на повеќе улици во Скопје.

Без вода ќе бидат корисниците на улиците „Христо Смирненски“, „9-ти Мај“, „Роза Луксембург“, „Диме Аницин“, „Васил Стефановски“, „Петар Попарсов“, „Костурски Херои“, „Борка Талевски“, како и дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Прекинот ќе трае до завршување на работните активности, по што се очекува нормализирање на водоснабдувањето.

Слични вести