(Фото) Тешка сообраќајна незгода кај мостот „Беласица“, автомобил удри во бетонската ограда

by irena 23:46
23:46

Тешка сообраќајна незгода се случи вечерва во Скопје, во близина на мостот „Беласица“, а на местото на настанот интервенирале полициски екипи и две амбулантни возила.

Според информациите што ги објави порталот „Независен“, во сообраќајката учествувале автомобил „пасат“ и „хјундаи“.

Првичните информации се дека возачот на „пасатот“, откако се симнал од мостот „Беласица“, продолжил во правец на Железничката станица, кога најверојатно дошло до судир со „хјундаи“ кој се движел од спротивната страна. По ударот, едното возило завршило во бетонската ограда покрај железничките столбови, пишува „Независен“.

Засега нема информации за евентуални жртви или повредени.

Слични вести