2
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Д.Т. (73) од Крива Паланка поради сомнение дека сторил кривично дело „полов напад и силување“.
Според информациите од МВР, на 6 октомври во село во кривопаланечкиот регион, пријавениот извршил обљуба врз 75-годишна жена од селото.
Против него е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство за понатамошно постапување.