Зеленски: Русија нè нападна 76 пати откако Трамп најави примирје

by irena 14:31
14:31

Во текот на изминатата недела – откако американскиот претседател Доналд Трамп најави прекин на нападите врз енергетската инфраструктура ​​Русија десетици пати го нападна енергетскиот сектор на Украина, како и нејзината нафтена и гасна индустрија, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Откако американскиот претседател пред една недела најави ’енергетско примирје‘, Русија намерно го нападна енергетскиот сектор на Украина и нејзината нафтена и гасна индустрија 76 пати“, напиша Зеленски на социјалната мрежа „X“.

Тој додаде дека во најновите напади биле погодени електрични потстаници во регионите Виница, Житомир, Хмелницки и Одеса.

Ниту Киев, ниту Москва не го потврдија договорот за примирје што го најави Трамп.

Пред една недела, Трамп изјави дека Украина и Русија се договориле за она што тој го нарече „енергетско примирје“.

Во објава на социјалните мрежи, Трамп напиша дека енергетското примирје ќе стапи на сила веднаш, иако не даде дополнителни детали во врска со ова тврдење.

Слични вести