Три обиди за кражба во три тетовски џамии, уапсен 35-годишен маж

by irena 12:49
12:49

На 17 октомври 2026 година, во СВР Тетово биле пријавени три обиди за тешка кражба и една извршена кражба, сторени на 16 октомври во верски објекти на подрачјето на градот. Како што информираат, случаите се случиле во следните верски објекти:

– Во верскиот објект „Фирдеус“, на улицата „Јужно од Вардар“, во периодот од 16 до 17 октомври, непознато лице со употреба на физичка сила насилно го отворило подрумскиот прозорец и се обидело да ја отвори подрумската врата, по што го напуштило местото.

– Во „Големата џамија“, на улицата „Горна чаршија“, околу 5:30 часот, едно лице влегло во објектот и се обидело да го пронајде клучот. Потоа, со метален предмет се обидело да ја оштети и отвори вратата, по што се оддалечило.

– Во џамијата „Ески“, на улицата „Пробиштипска“, одговорното лице А.Б. (38) од Тетово пријавило дека непознато лице се обидело да отвори метален сеф и го оштетило. Сефот бил пронајден поместен под една столица.

По преземените оперативни мерки од страна на полициските службеници на СВР Тетово, на 17.10.2026 година, во 12:30 часот, на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово е лишен од слобода Д.С. (35) од селото Јеловјане, поради основано сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „тешка кражба во обид“, казниви според член 235 од Кривичниот законик. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели, меѓу другото, во соопштението на СВР Тетово.

Слични вести