МВР информира дека се лишени двајца сопружници од Кочани во чиј дом е пронајдена дрога. Уапсен е и велешанец кај кого се пронајдени дрога и пари.
„На 16.10.2026 во 09:45 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода А.М.(28) и неговата сопруга А.Џ.(31) од Кочани. Претходно, полициските службеници со наредба од суд извршиле претрес во домот на А.М. при што е пронајдено и одземено пакување кафеава прашкаста материја. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава“, наведува МВР.
Вчера, во 14:00 часот, во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишииле од слобода и Т.М.(53) од Велес откако при претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, пари и телефон. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.