Земјотрес со епицентар меѓу Македонски Брод и Крушево

by vlatko 13:10
13:10

Земјотрес со јачина од 2,5 степени е регистриран утрово во Македонија, со епицентар во подрачјето меѓу Македонски Брод и Крушево.

Според првичните податоци од апликација за следење на земјотреси, потресот се случил денеска во 10:15 часот, на длабочина од 15 километри.

Епицентарот бил лоциран во близина на населените места Пласница и Лажани, на координатите 41,435 степени северна географска ширина и 21,227 степени источна географска должина.

Слични вести