Трамп остро го нападна Зеленски: Не, не сум негов голем љубител, ја уништија таа земја

by irena 08:00
08:00

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно остро го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски поради нападите врз руските рафинерии за нафта. Трамп тврди дека овие напади ги зголемуваат цените на енергенсите на светскиот пазар. Тој го опиша Зеленски како „лош човек“.

„Мислам дека тоа е срамно. Има многу други цели“, изјави Трамп во интервју за Newsmax, притоа конкретно критикувајќи ги нападите врз постројките што произведуваат дизел.

„Кога напаѓате рафинерии што произведуваат дизел – кој ни е потребен нам и на целиот свет – тогаш не му правите никаква услуга на светот.“

Интервјуто се одржа во емисијата Finnerty на каналот Newsmax, при што Трамп се вклучи во програмата директно од Белата куќа. За време на разговорот, Трамп го доведе во прашање лидерството на Зеленски, како и неговата искрена желба да ја заврши војната преку преговори.

„Зеленски не е човек со кој е лесно да се соработува“, забележа тој. „Тој не сака да склучи договор. Вели дека сака, но всушност не сака. Не, не сум некој негов голем љубител. Тие ја уништија таа земја.“

Слични вести