Базенот во Карпош предаден на Националната пливачка федерација

by irena 16:35
16:35

Базенот кај спортската сала „Наум Наумовски Борче“ во Карпош е предаден на користење на Националната пливачка федерација, со што објектот добива конкретна намена за развој на пливањето. Информацијата ја соопшти министерот за спорт Борко Ристовски.

Тој посочи дека со поддршка од Владата, Министерството за спорт обезбедило средства за доизградба на базенот, а во соработка со Општина Карпош и Националната пливачка федерација се преземаат чекори за негово ставање во функција.

Според Ристовски, ова е првпат Пливачката федерација да стопанисува со базени, со финансиска поддршка од Министерството и Владата. Целта е објектите да се користат поефикасно и да се создадат подобри услови за унапредување на пливањето.

Министерот нагласи дека стратешка определба е управувањето со спортските објекти да им се довери на националните спортски федерации што имаат капацитет да ги стават во функција на спортистите и граѓаните.

Ристовски најави дека Министерството за спорт ќе продолжи со инвестиции и активности за ставање во функција на спортската инфраструктура.

Слични вести