1
Вчера во 11:00 часот во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода М.Н.(63) од Скопје.
При контрола во патниот сообраќај на улица „Eлена Ѓика“ во Дебар, полициските службеници сопреле патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, и при извршено алкотестирање кај него биле констатирани 1,91 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување моторно возило“.