Пред три дена изгорел дел од паркот на последна 5-ка – „Бостание“ нуди помош

by irena 20:23
20:23

На 4 октомври, дел од паркот во Ново Лисиче со површина од околу 5000 м2, близу општествената градина „Бостание“ е опожарен, информираат од општествената градина „Бостание“, која е во рамки на овој парк во Ново Лисиче, на последната станица од автобусот број „5“ на ЈСП.

– Благодариме на противпожарната служба што го спречи ширењето на пожарот. Сепак покрај сувата трева изгореa и стотина млади садници од медоносното дрво Каталпа, донирани од ДМ. Нудиме помош и соработка до ЈП „Паркови и зеленило“ и Општина Аеродром заедно повторно да го зазелениме, опожареното земјиште – велат од „Бостание“.

Инаку, неполн месец, на тој потег, од паркот на последна 5-ка, кон ФФМ, почна да се гради уште еден парк.

Слични вести