Вулин ќе се кандидира за претседател на Србија

by irena 16:47
16:47

Претседателот на Движењето на социјалистите, Александар Вулин, најави дека ќе се кандидира на вонредните претседателски избори во декември во Србија, како и дека на парламентарните избори ќе ја поддржи листата на Александар Вучиќ.

Вулин на собирот на Движењето на социјалистите во Белград, насловен како „Српски свет“, изјави дека сака да верува оти секој следен претседател на Србија ќе биде претседател на „српскиот свет“.

Тој потсети на зборовите на рускиот претседател Владимир Путин, кој му даде поддршка на Александар Вучиќ на претстојните парламентарни избори и изрази надеж дека Србите ќе се обединат.

Вулин истакна дека тоа претставува поддршка од една од најголемите сили и дека таа можност не смее да се пропушти.

Тој нагласи и дека ќе побара власта во Србија да распише референдум за ЕУ, потсетувајќи дека на Русија никогаш нема да ѝ бидат воведени санкции.

Движењето на социјалистите ја поддржа листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ за вонредните парламентарни избори на 25 октомври.

На собирот присуствуваше и претседателот на Социјалистичката партија на Српска, Горан Селак, соопштија од кабинетот на Вулин.

Слични вести