1
Момче од Тетово (19) го загуби животот во трагична несреќа на работното место во Италија.
Според информациите што ги објавуваат дел од медиумите во земјава, младиот тетовец паднал од покрив од височина од околу седум метри.
При падот се здобил со тешки повреди, кои биле фатални.
Засега не се објавени повеќе детали за околностите под кои дошло до падот.
Погребот на момчето е најавен за утре во Тетово.