Автомобил излета од патот Тетово – Гостивар, четворица повредени

by irena 12:25
12:25

МВР информира дека доцна синоќа во 22:25 часот на патот Тетово – Гостивар, патничко моторно возило „ауди“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од А.М.(28) од Дебар, излетало од коловозот.

-Во незгодата, сопатникот А.Ф.(18) се здобил со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар Гостивар, додека возачот и останатите двајца сопатници Е.Б.(18) и А.М.(19), сите од Дебар, поради тежината на повредите се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде по извршените дополнителни испитување кај Е.Б. се констатирани тешки телесни повреди додека А.М. со телесни повреди, информираше портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

Слични вести