Повеќе од 400 средни училишта во Франција денес ќе бидат затворени поради продолжените протести и блокади на училиштата, соопшти министерот за образование Едуар Жофре.
Синоќа тој изјави дека во некои училишта наставата ќе се одвива на далечина, пренесува БФМ ТВ.
Протестите на средношколците, кои бараат поголеми средства за образованието, во четвртокот се проширија и на универзитетите, а во неколку градови беа забележани судири и материјална штета на училишните објекти.
Француското Министерство за внатрешни работи вчера соопшти дека низ земјата се уапсени 1.949 лица во врска со блокадите на училиштата, додека протестите зафатиле повеќе од 1.000 образовни установи, вклучително и 222 блокирани училишта.
Повредени се 305 полицајци и припадници на жандармеријата.
Владата соопшти дека ситуацијата на некои места прераснала во урбано насилство, а за денес се воведени забрани за собирање во близина на училиштата што ќе бидат затворени.