ЗНАМ: Во Собранието ЗНАМ не влезе за да биде статист, веруваме во одговорност кон граѓаните

by irena 08:46
08:46

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денес прави отчет за првите две години од својот парламентарен мандат, се наведува во партиското соопштение.

„По две години парламентарен мандат излегуваме пред граѓаните со јасна порака: мандатот не е привилегија, туку обврска, а довербата не се оправдува со зборови, туку со работа и резултати. Во Собранието ЗНАМ не влезе за да биде статист, туку за активно да учествува во креирањето на политиките и одлуките што ја определуваат иднината на државата. ЗНАМ не е само коректор на власта. ЗНАМ е креатор на политики“ стои во партиското соопштение.

Велат „Нашата цел од самиот почеток беше програмата за која граѓаните гласаа да стане дел од владините политики и да се претвори во конкретни институционални решенија. Тоа е нашиот принцип на политичко дејствување: иницијатива, аргументи, институционална работа и резултати. Не веруваме во политика на слепо следење, но ниту во политика на деструкција. Веруваме во одговорност кон граѓаните и резултати во интерес на државата“.

„ЗНАМ се залага за фер политичка конкуренција, еднакви услови за сите политички субјекти и демократски изборен систем, вклучително и една изборна единица со изборен праг од 2 до 3 проценти. За нас тоа не е партиски интерес. Тоа е прашање на демократскиот капацитет на Македонија. Нашата политика е јасна: Повеќе работа – помалку политичка бучава. Повеќе одговорност – помалку изговори. Повеќе резултати – помалку политички театар“ валат од ЗНАМ.

Слични вести