Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени злосторства против Тачи

by irena 17:41
17:41

Собранието на Косово денеска усвои декларација со која го оспорува заклучокот во првостепената пресуда против четворицата поранешни водачи на Ослободителната војска на Косово дека дејствувале во рамки на заеднички злосторнички потфат. За декларацијата гласаа 99 пратеници, без гласови против или воздржани.

Во документот се изразува загриженост за пресудата против Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи. Пратениците го оценуваат како неприфатлив заклучокот за постоење заедничка злосторничка цел и за одговорноста што на таа основа им е припишана на обвинетите. Собранието наведува и дека владеењето на правото го вклучува правото пресудата да се оспори преку предвидените правни постапки.

Специјализираните совети на Косово во Хаг на 16 септември ги прогласија четворицата за виновни за воени злосторства, меѓу кои незаконско или произволно лишување од слобода, сурово постапување, тортура и убиства. Тачи и Красниќи добија по 25 години затвор, Весели 18, а Селими 13 години.

Декларацијата го изразува ставот на косовското Собрание; самото парламентарно гласање не ја менува судската пресуда. Прашањата за утврдената одговорност и евентуалните жалби остануваат во рамки на судската постапка.

Слични вести