Без струја делови од неколку скопски општини

by valentina 08:28
08:28

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денес, 24 септември 2026 година, без електрична енергија ќе останат повеќе локации во Скопје.

Без струја од 7:50 до 9:50 часот ќе биде дел од улицата „Костурска“ во Општина Бутел.

Во Општина Сарај, дел од главната улица кај маркет „Ер Грос“ и „Јони Хоме Центер“ ќе биде без електрична енергија од 8:30 до 14:00 часот.

Поради зафат на електродистрибутивната мрежа, без напојување од 9:00 до 14:30 часот ќе бидат улиците „Емил Зола“ и „Мишко Михајловски“ во Општина Кисела Вода.

Во Општина Илинден, поради замена на електричен столб и замена на две празнини, без струја од 9:00 до 13:00 часот ќе бидат улиците 10 и 21 во село Кадино.

Во Општина Бутел, дел од улицата „Костурска“, Болницата „Санте Плус“ и Болницата „ВФВ“ ќе бидат без напојување од 10:05 до 12:05 часот.

Во Општина Карпош, дел од улицата „Варшавска“ ќе биде без електрична енергија од 13:00 до 14:00 часот.

Слични вести