„Лидл“ ја проширува инвестицијата во Битола: Поставен камен-темелник за вториот маркет

by irena 16:20
16:20

Денеска со свечено поставување на камен-темелник, компанијата Лидл официјално го означи почетокот на изградбата на својот втор продажен објект во Битола. Додека првиот маркет на компанијата во градот е веќе во финална фаза од изградбата, со овој нов проект Битола станува еден од клучните места во земјава каде што Лидл ќе овозможи современо и модерно шопинг искуство преку повеќе продажни локации.

Оваа инвестиција претставува уште еден значаен и конкретен чекор во реализацијата на долгорочната стратегија на Лидл за развој на сопствена продажна мрежа во Северна Македонија. Преку паралелни инвестиции на повеќе локации ширум земјата, компанијата гради модерна малопродажна и логистичка инфраструктура со цел да ги направи своите производи и услуги лесно достапни за сите потрошувачи.

Во своето обраќање пред присутните, Катарина Зориќ, директорка за недвижности во Лидл Северна Македонија, го истакна бизнис-моделот на компанијата кој се темели на развој на сопствени објекти изградени според највисоките меѓународни стандарди.

– Ние инвестираме во изградба на сопствени објекти, што значи дека секој маркет го градиме од самиот почеток, со примена на строги стандарди за квалитет и внимателно планирање на сите сегменти од неговата реализација. Нашата цел е да создадеме широка и функционална мрежа на маркети, со највисоко ниво на квалитет, енергетска ефикасност и одржливост, како и решенија што нудат пријатна средина за потрошувачите. Веруваме дека нашите потрошувачи треба да имаат и понуда на најквалитетни производи по пристапна цена кои ќе ги купат во објекти каде ќе имаат комотно и пријатно искуство како наши клиенти.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, истакна дека вториот маркет на Лидл е значајна инвестиција за градот, која носи придобивки за локалната економија и потрошувачите, но и потврда дека Битола е град во кој компанијата препознава потенцијал.

– Задоволство е што денеска го означуваме официјалниот почеток на изградбата на вашиот, а и нашиот Лидл маркет, втор во Битола. Велам нашиот затоа што верувам дека битолчани со нетрпение очекуваат да се изгради, а потоа и да се отворат вратите на овој препознатлив бренд. Оваа значајна инвестиција ќе биде додадена вредност за битолската економија, ќе придонесе за отворање нови работни места и ќе обезбеди квалитетна понуда за потрошувачите, а воедно ќе отвори можности за партнерства со домашни компании. Ви благодарам што по втор пат ја избравте Битола и со нетрпение очекуваме да ги отворите вратите за сите нас – изјави Коњановски.

Основни карактеристики на новиот маркет во Битола:

– Современа градежна концепција: Изградба по највисоки стандарди за енергетска ефикасност и еколошка одржливост на простор од 5 288 м².

– Простран и функционален распоред: Современо уредена продажна сала од 1 546 м² за пријатно искуство при пазарењето.

– Пристапност и паркинг: Обезбедени 108 паркинг места за удобно пазарување на нашите клиенти.

– Зелена површина: Над 20% од парцелата е предвидена за хортикултурно уредување и зеленило.

Како дел од Schwarz Group, еден од водечките европски синџири во малопродажбата на храна, Лидл управува со околу 12.900 маркети во 31 држава и вработува над 395.000 луѓе.

Слични вести