Малолетник (16) возеше автомобил, па се судри со комбе

by irena 13:32
13:32

МВР информира дека вчера на пладне во 12:00 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на регионален пат во атар на с. Мородвис, општина Зрновци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од с. Мородвис и товарно возило „форд“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.В.(54) од с. Мородвис.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, додека со телесни повреди возачот на товарното возило Д.В., констатирани во Јавна здравствена установа Кочани.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кочани.

Слични вести