(ВИДЕО) Тенеси ќе ја погуби првата жена по 200 години

by irena 19:10
19:10

Во Тенеси се упатени бројни барања за одложување на погубувањето на Криста Пајк, кое е закажано за следната недела. Доколку казната се изврши, Пајк ќе стане првата жена погубена во оваа сојузна држава по повеќе од 200 години, пренесува UNILAD. Таа е осудена на смрт пред повеќе од три децении за убиството на Колин Слемер, извршено во 1995 година.

Заедно со двајца соучесници, таа ја намамила Слемер во шума во Ноксвил, каде што ја претепале, ја избоделе и ѝ врежале пентаграм на градите. Во моментот на злосторството таа имала 18 години, со што станала најмладата жена во историјата на САД осудена на смрт. Нејзините адвокати се обидуваат да го спречат погубувањето и поднеле барање за помилување до гувернерот Бил Ли.

Во документот се детално опишани нејзините сериозни проблеми со менталното здравје, како и сексуалното насилство и злоставувањето што ги трпела уште од раното детство. Нејзините адвокати наведоа дека, како дете, таа „нацртала маж со огромен полов орган и демонско лице за да објасни што се случувало во нејзиниот дом“.

„Нејзините постапки на 18-годишна возраст не можат да се разгледуваат одвоено од детството одбележано со силување, сексуална злоупотреба и занемарување. Возрасните и државните институции, кои требало да ја заштитат, не реагирале на ниту еден од овие случаи“, се наведува во петицијата.

Нејзината адвокатка, Кели Глисон, изјави дека гувернерот сега има можност да ги исправи системските пропусти.

„Гувернерот сега може да заштити жртва на силување во детството и да ги поправи грешките на возрасните, институциите и системите кои системски потфрлиле во однос на Криста додека таа била дете“, рече таа.

Државата Тенеси не ја оспорува нејзината историја на сексуална злоупотреба.

Слични вести