2
Плинска боца експлодирала во стан во Куманово, при што е предизвикана материјална штета, но за среќа нема повредени, соопшти кумановската полиција.
„На 03.11.2026 во 14:35 часот во СВР Куманово е пријавено дека во стан на улицата „Тоде Думба“ во Куманово, сопственост на В.Ѓ.(51), настанала експлозија од плинска боца, при што биле оштетени прозорците и дел од покуќнината. Пожарот го изгасила Територијална противпожарна единица Куманово. Нема повредени лица нема“ соопшти полицијата.
Увид извршила екипа од СВР Куманово.