Претставник на Путин и АфД подготвуваат разговори за враќање на рускиот гас во Германија

by vlatko 22:32
22:32

Висок економски претставник на рускиот претседател Владимир Путин и раководството на екстремно десничарската партија „Алтернатива за Германија“ (AfD) започнаа подготовки за средба следната година, на која ќе се разговара за обновување на испораките на руски гас за Германија, дознава Ројтерс.

Разговорите за оваа средба, која би можела да се одржи уште во март, дополнително ги истакнуваат блиските врски меѓу Москва и „АфД“, партија што бележи пораст на поддршката во Германија, но останува исклучена од власта поради одбивањето на другите водечки партии да формираат коалиција со неа.

Според еден од изворите на „Ројтерс“, се очекува на средбата да присуствуваат Кирил Дмитриев, близок советник на Путин и шеф на Рускиот фонд за директни инвестиции, како и копретседателите на „АфД“, Алис Вајдел и Тино Крупала.

Пред воведувањето на санкциите по почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година, Русија обезбедуваше повеќе од половина од германскиот природен гас и над една третина од увозот на сурова нафта.

Слични вести