Уапсени двајца крадци во Тетово

by irena 10:57
10:57

Две кражби се расчистени од полицијата во Тетово, две лица се лишени од слобода.

„На 17.09.2026 во 12:00 и во 14:50 часот во село Порој, тетовско и во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода С.К.(27) од с.Порој и А.Ц.(19) од Тетово поради постоење основи на сомневање за сторени кривични дела ‘тешка кражба’ по член 236 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

Од полицијата информираат дека С.К. се сомничи оти ноќта меѓу 15 и 16 септември, со употреба на сила, влегол во продажен објект во Тетово, сопственост на И.О.(52), од каде што одзел пари и повеќе производи.

„Додека, Ш.А.(55) од Тетово пријавила дека А.Ц. со закана од нејзиниот малолетен син одзел пари“, се наведува во соопштението.

Двете лица биле задржани во полициска станица.

Слични вести