1
МВР информира дека денеска во Гостивар, полициски службеници го уапсија 42-годишниот Е.А. од Гостивар, кој беше во бегство од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“.
Е.А. бил осуден на казна затвор во траење од 12 години и осум месеци за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ согласно член 215 и „кражба“ согласно член 236 од Кривичниот законик.
По апсењето, тој е предаден во затворот за издржување на изречената казна затвор.