Специјализираните совети во Хаг денеска треба да ја изречат првостепената пресуда за поранешниот косовски претседател Хашим Тачи и поранешните водачи на ОВК – Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи. Обвинителството побара по 45 години затвор за секој од нив.
Изрекувањето на пресудата е закажано за 10 часот, а ќе се пренесува онлајн на албански, англиски и српски јазик со десетминутно задоцнување.
Четворицата се обвинети за злосторства против човештвото и воени злосторства за кои обвинителството тврди дека биле извршени од март 1998 до септември 1999 година во Косово и северна Албанија. Тие ги отфрлаат обвиненијата и се изјаснија за невини.
Судењето почна во април 2023 година, доказната постапка заврши во декември 2025 година, а завршните зборови беа одржани во февруари годинава. Во процесот пред судот сведочеа 134 лица.
Во своите завршни зборови, обвинителството побара 45 години затвор за обвинетите Хашим Тачи, Јакуп Красниќи , Реџеп Сељими и Кадри Весељи .